Проектот „Купи куќа, купи стан“ се проширува
13.02.2014 10:26
Владата ги менува условите за проектот „Kупи куќа, купи стан“...

Измените во Законот за субвенционирање станбен кредит се веќе во собраниска процедура по скратена постапка и ќе овозможат да аплицираат и брачни другари кои поседуваат стан или куќа добиени во наследство, но доколку нивниот дел не е поголем од половина од тој имот.
Кредит ќе може да добијат и лица кои продаваат куќа за да купат поголема, односно да урнат постоечка за да изградат поголем објект за сопствено домување.
Се крева и лимитот за висината на платите за брачните заедници од 900 на 1.300 евра, а за оние што не се во брак останува границата од 900 евра.
Свето Николовски
