Заев најави трајно решение за фабриката Колска

27.06.2017 12:49

Според Заев, уште денеска треба да почне решавањето на проблемот на вработените, кои шест месеци немаат земено плата, а треба да се изнајде и трајно решение за статусот на фабриката.

Премиерот Зоран Заев се сретна со претставници на синдикатот од фабриката за шински возила, Колска, од Велес. Според Заев, уште денеска треба да почне решавањето на проблемот на вработените, кои шест месеци немаат земено плата, а треба да се изнајде и трајно решение за статусот на фабриката. 

Претставниците на синдикатот му посочиле дека е загрозена егзистенцијата на вработените, и тие немаат ни здравствено осигурување.

Премиерот најави дека до крајот на неделата ќе одржи стручни консултации за трајно решавање на статусот на фабриката.