ВМРО-ДПМНЕ: СДС го омекнува ставот за педофилијата

27.06.2017 13:03

Релативизирањето на педофилијата ги загрозува безбедноста и животот на македонските граѓани...

ВМРО- ДПМНЕ смета дека со молчењето СДС не се дистанцира од ставовите на Шиндре за намалување на санкциите за педофилијата. Тоа е посочено и во неговата колумна на еден од учсниците во „Шарената револуција“, велат во оваа партија.

Релативизирањето на педофилијата ги загрозува безбедноста и животот на македонските граѓани, а за тоа добил поддршка и од министерот за култура, Алаѓозовски, бидејќи Шиндре бил говорник на настан отворен од министерот, велат во ВМРО-ДПМНЕ.