ЕУ го казни „Гугл“ со 2,42 милијарди евра
Од Брисел порачуваат дека најпопуларниот интернет пребарувач сега има 90 дена да престане со таква антипазарна пракса. Во спротивно, ќе се соочи со нови казни.

Европската унија го казни „Гугл“ со 2,42 милијарди евра поради искористување на доминантната положба на пазарот. Компанијата е казнета поради фаворизирање на својата веб-трговија во резултатите при пребарување.
Од Брисел порачуваат дека најпопуларниот интернет пребарувач сега има 90 дена да престане со таква антипазарна пракса. Во спротивно, ќе се соочи со нови казни.
ЕК смета дека „Гугл“ ја искористил својата доминантна позиција на пазарот на пребарување на интернет за да ја промовира своја нова услуга.
Со споредување на производи преку „Гугл“ пребарувачот корисниците се наведуваат на купување на услуги на „Гугл“, што се смета за нелојална конкуренција и кршење на антимонополски правила во ЕУ.
