Прибе: Засилен ангажман за спроведување на итните реформски приоритети
Отсуството на независни институции имало последици врз демократските процеси во земјата, и затоа новата реформска влада ќе ги професионализира, најавил министерот Димитров

Работен појадок на министерот за надворешни Никола Димитров и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи со европскиот експерт Рајнхард Прибе.
Отсуството на независни институции имало последици врз демократските процеси во земјата, и затоа новата реформска влада ќе ги професионализира, најавил министерот Димитров. Клучно е од вас да добиеме јасни препораки за она што треба да биде преземено на краток и среден рок, рекол Османи на разговорот со Прибе.
Германскиот експерт побарал засилен ангажман и мобилизација на сите институции во спроведувањето на итните реформски приоритети. Ова се однесува и на владеењето на правото, слободата на медиумите и независноста на регулаторните тела, рекол Прибе на средбата.
