Црвен крст со четири тима за справување со топлотниот бран
Ќе се дистрибуира вода, флаери со совети, ќе се мери притисок на граѓани кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешките случаи ќе биде обезбеден и транспорт до најблиската медицинска установа или до домот на лицето, се наведува во соопштението од Црвениот крст.

Поради најавениот топлотен бран по четири мобилни тимови од утре до петок од 11 до 17 часот ќе патролираат низ централното градско подрачје и на поголемите автобуски постојки во Скопје.
Ќе се дистрибуира вода, флаери со совети, ќе се мери притисок на граѓани кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешките случаи ќе биде обезбеден и транспорт до најблиската медицинска установа или до домот на лицето, се наведува во соопштението од Црвениот крст.
За активностите во наредниот период, ќе бидат ангажирани 40 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи, 10 волонтери од Тимот за спасување на планина и пет возила од кои четири ќе патролират низ градот, а две за време на викенди ќе бидат дежурни на Планинско спасителните станици Водно и Матка.
