Бесплатна правна помош за маргинализираните групи

27.06.2017 16:18

Потребен е национален закон за бесплатна правна помош, Министерството за правда треба да ги зајакне капацитетите за реализација. „Пристап до правда“ е проект финансиран од ЕУ, што чини 126.000 евра. Бесплатна правна помош досега добиле 1.500 граѓани...

Маргинализираната категорија граѓани имаат потреба од бесплатна правна заштита, покажува истражувањето на граѓанскиот сектор. Според нив се потребни финансиски и административни услови за враќање на довербата во системот. За една година, пет здруженија на правници им помогнале на 1.500 луѓе да поднесат барања и тужби.

Македонија има најмал буџет за бесплатна правна помош, тоа мора да се смени порача европскиот амбасадор во земјава, Самуел Жбогар. Според него, потребен е закон за бесплатна правна помош. Министерството за правда треба да ги зајакне капацитетите и треба да се работи на децентрализација за сите да имаат пристап до правдата.

За една година за проектот „Пристап до правда во Македонија“ издвоени 126.000 евра од касата на Европската унија.

 

Наташа Јанчиќ