Невладиниот и бизнис секторот против продолжување на породилното отсуство
Законските измени за продолжување на породилното отсуство разгледани и на седница на собраниската комисија за еднакви можности на мажите и жените. Дел од невладините организации, педијатри и бизнис заедницата против зголемувањето на породилното отсуство од 9 на 18 месеци...

Подобар статус на жената на пазарот на трудот, заштита на здравјето како и ефикасно згрижување на децата во градинките- бараат дел од од невладиниот сектор и бизинисот. Тие се против зголемувањето на породилното отсуство од 9 на 18 месеци. За нив неприфатлив, но и недоволно аргументиран е предлог- законот.
Дури 56 проценти од жените завршуваат високо образование, но многу мал процент се на пазарот на трудот. Според педијатрите, добри услови во градинкте, намалување на вирусите, ќе обезбеди мајките да бидат на работните места.
И од бизнис- секторот велат дека и сега се соочуваат со потешкотии да најдат работна сила. Ваквиот предлог, велат само ќе се одрази негативно на продуктивноста на компаниите.
За дел од организациите ваквиот предлог не значи дискриминација, а поддршката за правата на жените и децата е клучна за подобрување на грижата.
И од Министерството за труд велат дека продолжувањето дополнително ќе го оптовари буџетот.
Според надлежните во Македонија, платеното породилно отсуство важи за период од 36 недели за што годишно се одвојуваат повеќе од две милијарди денари.
Дијана Ценевска
