ВМРО-ДПМНЕ: СДС за да ги прикрие криминалите има намера да го партизира судството

27.06.2017 16:34

Опозицијата очекува силна реакција и од ЕУ за партизирањето на судството...

Најдобар показател за желбата на Зоран Заев да управува и да го контролира судството е случајот „Поткуп“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Обвинуваат, СДС за да ги прикрие криминалите има намера да го партизира судството.

„Зоран Заев фатен на дело како бара поткуп од 200 илјади евра, сакаше да се иземе видеото на кое јасно се гледа како прави кривично дело. Сакајќи да избега од правдата, еве зошто Зоран Заев заговара контрола  и завладување на судскиот систем во Република Македонија. Намерата за партизација на судството е со цел да се спасат себеси од криминалите, но и да прават монтирани политички случаи. Целта е ослободување од скандалозни и криминални случаи како што впрочем и бевте сведоци, случајот како Едно евро за Вицето, сомнителни тендери во Струмица, случајот Глобал, Цареви кули и други за што им е потребно судство по нивна мерка“, изјави Спиро Ристовски на денешната прес- конференција.

Опозицијата очекува силна реакција и од ЕУ за партизирањето на судството од страна на СДС и Заев.