Ахмети организира средба со лидерите на Албанските парламентарни партии

28.06.2017 10:38

Во најавата не е појаснето дали ќе стане збор и за платформата потпишана во Тирана. Претходно, беше најавено дека треба да се разговара за измените на Законот за употреба на јазиците.

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети закажа средба на париите на македонските Албанци во Скопје, на којашто треба да се разговара за спроведувањето на програмските определби.

Во најавата не е појаснето дали ќе стане збор и за платформата потпишана во Тирана. Претходно, беше најавено дека треба да се разговара за измените на Законот за употреба на јазиците.

Средбата, како што соопшти ДУИ, треба се одржи во хотелот „Александар Палас“.

Од движењето БЕСА, поканата ја оценија како лицемерна и без суштинска тежина. Додаваат дека доколку ДУИ навистина се интересира за проблемите на Албанците наместо средби за сликање по хотели, треба да одржи состанок во Собранието кое што е место за дебата за овие проблеми.