Нападнат Врховниот суд во Каракас

28.06.2017 10:15

Ројтерс информира дека станува збор за 4 проектили и 15 куршуми кои биле дополнително истрелани врз Министерството за внатрешни работи.

Во утринските часови е нападнат Врховниот суд во Каракас. Хеликоптер истрелал неколку гранати, Ројтерс информира дека станува збор за 4 проектили и 15 куршуми кои биле дополнително истрелани врз Министерството за внатрешни работи.

Не се пријавени жртви, а претседателот Мадуро нападот го оквалификува како терористички. Пилотот кој го извршил нападот претходно работел во Министерството за внатрешни работи и правда.