Средба на началниците на ГШ на АРМ и на Вооружените сили на Австрија

28.06.2017 10:55

Вчера Котменда заедно со својот домаќин се сретна со минстерката за одбрана Радмила Шекеринска и го посети граничниот премин Богородица...

Началникот на генералштабот на Армијата на Македонија генерал потполковник Методија Величковски е домаќин на началникот на генералштабот на оружените сили на Австрија, генерал Отмар Котменда.

Вчера Котменда заедно со својот домаќин се сретна со минстерката за одбрана Радмила Шекеринска и го посети граничниот премин Богородица кадешто патролираат австриските полицајци заедно со припадниците на македонските безбедносни сили, како и полицајците од Југоисточна Европа.