Тевдовски на средба со стопанските комори за минималната плата

28.06.2017 10:58

Според предизборното ветување на Владата, минималната плата во земјава треба да изнесува 12.000 денари и да биде иста за сите.

Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска ќе одржи средба со претставници на стопанските комори за зголемувањето на минималната плата. Со средбата продолжува отворениот дијалог кој почна минатиот петок кога во Министерството за финансии на разговори за минималната плата беа синдикалците.

Според предизборното ветување на Владата, минималната плата во земјава треба да изнесува 12.000 денари и да биде иста за сите. Министерот Тевдовски изјави дека ваквата проекција е можна, а за нејзино реализирање ќе се крати, нагласи, од комотитетот на власта.

Договорените решенија со сите засегнати страни околу висината на минималната плата ќе бидат претставени и дебатирани и пред Економско-социјалниот совет.