Над 98 илјади Македонци живеат во Австралија

28.06.2017 11:05

За разлика од 2011-та, бројот е зголемен за околу 5 илјади лица. Намален е бројот на Македонците во Австралија кои зборуваат македонски јазик во меѓусебната комуникација.

Според податоците на Австралиското биро за статистика од 2016-та година, на овој континент живеат над 98 илјади Македонци, или граѓани со македонско потекло.

За разлика од 2011-та, бројот е зголемен за околу 5 илјади лица. Намален е бројот на Македонците во Австралија кои зборуваат македонски јазик во меѓусебната комуникација.

На ланскиот попис одговориле дека околу 39 илјади лица биле родени во Македонија, додека на пописот во 2011-та, оваа бројка била околу 40 илјади лица.