Одложено рочиштето за настаните пред општина Центар

28.06.2017 11:21

Списите од предметот од Апелацискиот, не биле доставени во Кривичниот суд. Повисокиот суд постапува по жалбите на обвинителите од СЈО, откако тие беа казнети со по 2.000 евра.

Се одложи судењето за насилството во општина Центар. Списите од предметот од Апелацискиот, не биле доставени во Кривичниот суд. Повисокиот суд постапува по жалбите на обвинителите од СЈО, откако тие беа казнети со по 2.000 евра.

Од Врховниот суд пак, потврдуваат дека предметот всушност е кај нив, бидејќи, Апелацискиот суд им го доставил поради судир на надлежности.

На судењето дојдоа поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова како и оштетените во случајот.

Насилството во општината се случи во 2013-тата година кога група граѓани протестираа пред службените простории за да ја одбраната изградбата на црквата Св. Константин и Елена.