Портокалова фаза: До сабота температури и над 40 степени

28.06.2017 12:42

Од утре до сабота, Македонија ќе биде зафатена со високи температури, согласно со препораките, се ослободуваат од работа бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години.

Во наредните три дена е прогласена портокалова фаза во земјава. Од утре до сабота, Македонија ќе биде зафатена со високи температури, согласно со препораките, се ослободуваат од работа бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години.

Меѓу 11 и 17 часот мора да се реорганизира работното време и да не се одржуваат спортски активности. Ова се однесува и на детските градинки. И натаму важат препораките при портокалова тревога за консумирање лесна храна, носење светла и лесна облека, хигиенски приготвена храна и редовно земање на препишана терапија.

За храната треба да се води сметка, за рокот на употреба, лесно расипливите продукти да се купуваат во објекти со разладни уреди. Информациите за топлотните бранови постојано се соопштуваат од Министерството за здравство.