Тевдовски: Од септември минималната плата 12.000 денари
Исплаќањето ќе почне од септември. Владата обезбедила средства за поддршка на оваа мерка. И работодавачите се согласуваат со зголемувањето на платите.

Се зголемува минималната плата од 10 на 12 илјади денари- најави министерот за финансии Тевдовски. Исплаќањето ќе почне од септември. Владата обезбедила средства за поддршка на оваа мерка. И работодавачите се согласуваат со зголемувањето на платите.
Како што соопшти денеска министерот за финансии Драган Тевдовски, поддршката ќе почне од септември кога се очекува и стартот на исплатата на минималната плата од 12.000 денари со што до крајот на годинава би биле потрошени шест милиони евра државни пари.
Ова е владиниот предлог што се разгледува со сите засегнати страни, синдикалците, коморите и работодавачите и според кој, од март 2018 година буџетската поддршка би се преполовила и би изнесувала 750.000 евра месечно.
Средствата за финансиска поддршка на компаниите од септември до декември 2017 година, вкупно шест милиони евра, се предвидени со ребалансот на Буџетот, истакна Тевдовски на прес-конференција.
