Мадуро: Нападот на Врховниот суд е терористички чин

28.06.2017 13:11

Во утринските часови е нападнат Врховниот суд во Каракас. Хеликоптер истрелал неколку гранати. Нападното и министерството за внатрешни работи. Претседателот Мадуро нападот го оквалификува како терористички...

Ескалира ситуацијата во Венецуела. По 90 дена протести, нападнат е Врховниот суд во Каракас. Пилот украде хеликоптер. Истрелал неколку гранати и проектили. Било пукано и врз Министерството за внатрешни работи кадешто се одржувал социјален настан. Жртви не се пријавени. Претседателот Николас Мадуро нападот го оквалификува како терористички. За властите ова е државен удар.

„Ова е оружената ескалација којашто ја осудував. Ги активирав безбедносните сили за да зачувам мирот во земјата. И бидете сигурни дека што побрзо ќе го најдеме хеликоптерот и оние што го извршија овој терористички напад врз институциите на државата. Ова ли е демократијата што ја сакате?“, рече Мадуро

„Двата напади беа дел од заговорот за државен удар против уставот на Република Венецуела и нејзините институции“, изјави Ернесто Вилегас, министер за комуникации и информации.

Венецеуелската влада соопшти дека хеликоптерот бил украден од поранешниот полициски пилот Оскар Перез кој се прогласи за бунтовник против Мадуро.

„Драги браќа, ние сме група на воени функционери, полицајци и цивили во потрагата по рамнотежа и против оваа транзиторна криминална влада. Ние не припаѓаме, ниту пак, сме партиски или политички членови и симпатизери. Оваа борба не е со останатите безбедносни сили на државата, туку против наметнатиот имунитет на оваа влада“, изјави Перез.

54-годишниот социјалистички лидер Мадуро се соочува со тримесечни протести од лидерите на опозицијата. Демонстрантите бараат општи избори, мерки за ублажување на економската криза, слобода за стотици затворени активисти на опозицијата и независност на парламентот. Во антивладините немири во Венецуела досега загинаа најмалку 75 луѓе, стотици други беа повредени и уапсени.

 

Бојана Крстевски