Продолжува снежното невреме во САД
13.02.2014 11:00
Над 360 илјади домаќинства се без електрична енергија...

Продолжува снежното невреме во југоисточните делови на САД. Снегот и мразот предизвикаа проблеми во сообраќајот, над 360 илјади домаќинства се без електрична енергија, а во некои делови властите ги предупредија граѓаните да не излегуваат од дома.
Како последица на лошото време досега починаа триенаесетмина. Меторолозите и за следните денови најавуваат обилни снежни врнежи.
И во Велика Британија има невреме. Поплавите ја однесоа првата жртва. Околу 150 илјади домаќинства се без струја, а денеска се очекува нивото на Темза да порасне на највисоко ниво во последните 60 години.
