Реформи во Собранието: Поголема надзорна улога, квалитетна дебата и соработка со граѓанскиот сектор
Законодавната е над извршната власт, ова се принципите на демократијата кои мора да се спроведуваат. Мора да има дебата за сите поважни закони, пратениците да бидат поактивни и да се соработува со граѓанскиот сектор- конференција за улогата на Собранието меѓу реформите и политичката волја...

Зајакнување на надзорната улога на Собранието врз извршната власт, квалитетна собраниска дебата и зголемена вклученост на граѓаните во работата на Законодавниот дом се клучните сегменти за поголеми реформи во Собранието.
Спикерот Џафери смета дека треба да се сменaт перцепцијата и довербата на граѓаните кон Парламентот. Ќе иницира расправа за збогатување на содржините на собранискиот канал. Вели дека за успешно функционирање е неопходна политичка волја.
Невладиниот сектор од новиот парламентарен состав очекува поголема надзорната улога, за што сметаат дека се неопходни деловнички измени. Очекуваат казни за функционерите кои не доаѓаат на расправи на комисиите.
Најголемиот проблем во досегашната работа и ангажман на пратениците не биле законите, туку нивната имплементација, смета координаторот на пратеничката група на СДСМ, Тунтев.
На конференција за зајакнување на улогата на Собранието учествуваа претставници од парламентарните партии, поранешни пратеници, како и претставници на граѓанскиот сектор.
Наташа Гркова- Петрушевска
