Нови хакерски напади во повеќе земји
28.06.2017 14:34
Погодени се аеродромот во Киев, банки, електродистрибуцијата, државни и приватни фирми, како и нуклеарната централа Чернобил.

Нови хакерски напади во светот. Најмногу на удар Русија и Украина, но цел биле и Британија, Германија, Италија, Франција и Соединетите Американски Држави.
Погодени се аеродромот во Киев, банки, електродистрибуцијата, државни и приватни фирми, како и нуклеарната централа Чернобил.
Од компанијатата за кибер- безбедност „Касперски Лабс“ соопштија дека е во прашање нов вирус.
