Средба Заев- Јанакакис

28.06.2017 15:17

На средбата е констатирано дека е создадена позитивна атмосфера за градење доверба и за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Грција, за што постои изразена волја од двете страни.

Премиерот Зоран Заев на средба со амбасадорот на Грција во Македонија, Димитрис Јанакакис. Оцениле дека е создадена позитивна атмосфера за градење доверба и за продлабочување на соработката меѓу двете земји.

„Добиваме позитивни сигнали од нашите соседи, што го сметаме за голем исчекор во развојот на добрососедските односи и во отворањето перспективи за граѓаните и за Република Македонија“, рекол Заев на средбата.

Изразил надеж дека по Црна Гора, Македонија ќе биде следната земја- членка на НАТО.