Анкета: Подобар живот од новата Влада очекуваат 59 проценти од граѓаните

28.06.2017 15:22

Доверба во новата влада имаат 57 проценти од анкетираните, а секој трет нема доверба во неа. Најголема недоверба има кај поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, а на владата на Заев најмногу ѝ веруваат поддржувачите на СДСМ, па следуваат оние на ДУИ.

59 проценти од граѓаните очекуваат подобар живот од новата влада- покажуваат резултатите од теренското истражување на агенцијата Брима, спроведено од 2-ри до 12-ти јуни. 27 насто се скептични.

Доверба во новата влада имаат 57 проценти од анкетираните, а секој трет нема доверба во неа. Најголема недоверба има кај поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, а на владата на Заев најмногу ѝ веруваат поддржувачите на СДСМ, па следуваат оние на ДУИ.

За 62 процента од испитаниците, изборот на Заев за премиер е добро решение, поддршката за Талат Џафери е изедначена. Се зголемил бројот на луѓе кои сметаат дека земјава се движи во правилна насока.

Со истражувањето биле опфатени 1.193 граѓани на возраст над 18 години во осум региони. Интервјуирани се лице в лице, а маргиналната грешка изнесува 2.84 проценти.