Истражна постапка против тројца осомничени за хеликоптерската несреќа кај Струмица

28.06.2017 15:53

Прибраните докази и извршените анализи, укажуваат на основано сомнение дека тие извршиле кривично дело, тешки дела против општата сигурност, соопштуваат од Јавното обвинителство.

Струмичкото јавно обвинителство издаде наредба за спроведување истражна постапка против три лица осомничени за хеликоптерската несреќа на 10-ти јули 2014-та година, во која загинаа четворица полициски пилоти.

Прибраните докази и извршените анализи, укажуваат на основано сомнение дека тие извршиле кривично дело, тешки дела против општата сигурност, соопштуваат од Јавното обвинителство.

Осомничените ќе бидат сослушани, а надлежниот јавен обвинител ќе продолжи да прибира податоци и докази и да сослушува сведоци кои ќе помогнат за целосно расветлување на случајот.

Веднаш по хеликоптерската несреќа и извршениот увид, надлежните институции постапија и доставија конкретни извештаи, кои претставуваат основа за наредената истрага, стои во соопштението.