Претседателот на ПССЕ, Аграмунт исклучен од Европската народна партија

28.06.2017 15:54

Исклучувањето на 65 годишниот шпански сенатор Аграмунт од неговата матична политичка група, во која членува од 2000 година, доаѓа по скандалот поврзан со неговата контраверзана посета на Сирија.

Групата на Народните партии при Парламентарното собрание на Советот на Европа, го исклучи претседателот на истото собрание Педро Аграмунт од членство во групата, наскоро е можно негово отповиокување од функцијата претседател на паневропската асамблеја.

Како што дознаваме, за исклучувањето на Педро Аграмунт гласале огромно мнозиснтво од присутните на состанокот на групата на Народните партии, неофицијално се зборува дека 30 членови на групата гласале за неговото исклучување, а само тројца биле воздржани.

Исклучувањето на 65 годишниот шпански сенатор Аграмунт од неговата матична политичка група, во која членува од 2000 година, доаѓа по скандалот поврзан со неговата контраверзана посета на Сирија. Членовите на Парланентарното собрание на Советот на Европа во април му изразија недоверба и имаа јавно сослушување на нивниот претседател, кој од тогаш повеќе не седна во претседателската фотелја во Палатата на Европа.

Парламентарното собрание на Советот на Европа на вчерашната пленарната седница, одлучи да го промени својот деловник по брза постапка и да се воспостави постапка со која се овозможува да се отповикуваат односно одземаат мандатите на негови членови или на негови избрани носители на функции, за време на нивниот мандат кога се смета дека е загорзена институционалната одговорност и угледот на институцијата.

Резолуцијата стапува во сила веднаш по нејзиното донесување. Со нејзиното донесување и денешното исклучување на Аграмунт од неговата политичка група, ПССЕ ќе може да го разреши актуелниот претседател, што досега не е забележано во историјата на Советот на Европа.

Овај скандал е придружен со друг скандал за наводна корупција на сегашни или поранешни членови на ПССЕ, така нарачената афера „Кавијаргејт“, за што е назначена посебна надворешна експертска група од меѓународни ексерти кои ќе треба да изготват извештаи за обвинувањата кои се појавија во повеќе медиуми.

 

Тони Гламчевски, постојан дописник од Стразбур за МРТ