Брнабиќ го претстави новиот кабинет, најави реформи и побрз економски раст
Мандатарот за состав на новата влада на србија, Ана Брнабиќ ги претстави експозето и составот на новиот кабинет. Најави реформи и побрз економски раст...

Од досегашните мистри двајца ги менуваат ресорите, а има и три нови имиња- изјави мандатарката Брнабиќ во експозето во Собранието. Тоа се социјалистот Бранко Ружиќ кој ќе го води Министерството за државна управа и локална самоуправа, експертот Горан Триван кој ќе биде на чело на новото Министерство за екологија, а министер без ресор ќе биде Ненад Поповиќ од СНП- кој важи за проруски политичар. Најголемото изненадување е Александар Вулин кој ќе биде министер за одбрана и кој важи за анти- НАТО политичар. Тој го менува ресорот со досегашниот министер Зоран Ѓорѓевиќ. Прозападно-орентиранарата Ана Брнабиќ во експозето најави продолжеток на политиката на владата на Александар Вучиќ, а приоритет ќе и биде дигитализацијата, образованието и економските реформи.
„Наша цел е до 2019 година дефицитот на државата да биде под процент, а со растот на БДП планираме јавниот долг да го намалиме под 60 насто, со што би создале услови за поголеми плати, пензии и инвестиции“, рече Брнабиќ.
Брнабиќ малку говорејќи и за наворешната политика, посочи дека ќе го продолжи европскиот пат, добрите односи со Русија, Кина и САД, како и продолжување на дијалогот со Приштина, напоменувајќи дека ќе работи и на помирувањето со албанците. Евроинтеграциите добија ново министерство предводено од Јадранка Јоксимовиќ. Како што најави претседателот Александар Вучиќ, политичкиот дел во новата влада ќе го води вицепремиерот и шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ. Од нив Брнабиќ во експозето посочи дека очекува подршка.
Рокот за избор на новата влада е до петок на полноќ. Владејачката коалиција од 156 пратеници од потребните 126- најавија дека ќе гласаат за новата влада. Опозицијата, како и од владеачката коалиција, Драган Марковиќ- Палма и Зукорлиќ најавија дека немаат да гласаат за владата.
Оливер Бранковиќ, постојан допиниск од Белград за МРТ
