Дополнителни субвенции за праските
Со 6 денари за килограм праски ќе се субвенционираат овоштарите кои ги почуствуваа последците од нарушување на пазарот и драстичнито намалување на откупот и на откупната цената. Правото на дополнителната субвенција ќе го имаат производителите кои својот род ќе го продадат во преработувачките капацитети.

Овоштарите кои ги продале праските почнувајќи од 12-ти заклучно до 30 јуни ќе имаат право на дополнителна субвенција од 6 денари за килограм.
Услов е праските да се предадени во преработувачката индустрија, по цена до 5 денари за килограм,а земјоделците и претходно да се корисници на субвенција за оддржување на насади со ова овошје.
Според првичните проценки на овие пари чекаат скоро 500 производители, а се очекува дека ќе бидатот купени најмногу до 400 тони праски кои едвај би достигнале по пет денари за килограм.
Оваа мерка следува по анализата на производството и увидот на терен по настанатите штети од измрзнувањето и недостигот на вода за наводнување.
Дополнителните субвенции се резултат на многу слабиот квалитет на родот на праските поради лошите временси услови и немањето пазар за нивна продажба.
Методија Трајков
