Утре истекува рокот за поднесување обвиненија на СЈО
СЈО напладне закажа прес-конференција. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, најави дека оваа недела ќе се донесат нови јавно обвинителски одлуки.

Утре истекува законскиот рок до кога Специјалното јавно обвинителство може да поднесува обвинителни акти. Досега се отворени 19 истраги и се подигнати три обвиненија.
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, најави дека оваа недела ќе се донесат нови јавно обвинителски одлуки. За некои осомничени ќе запре истрагата, за други ќе се поднесат обвинителни акти.
Јанева најави и дека во идниот период, Специјалното јавно обвинителство ќе продолжи со отворање истраги од прислушувани разговори. Соопшти дека 55 проценти од предадените материјали не се обработени.
СЈО напладне закажа прес-конференција.
