Советот на јавните обвинители ќе расправа за „Сопот“ и „Пуч“

29.06.2017 11:20

Поради немање кворум, завчера седницата беше одложена.

Советот на јавните обвинители на седница треба да расправа за случаите „Сопот“ и „Пуч“. Поради немање кворум, завчера седницата беше одложена.

Според информациите од Советот, на дневен ред ќе биде единствената пресуда за случајот „Пуч“ со која обвинетиот Звонко Костовски е осуден на три години затвор.

Специјалното обвинителство во јануари го повлече „Пуч“ објаснувајќи дека во истрагата за „Тврдина“ дошле до докази кои се целосно спротивни на она што е прикажано во „Пуч“.

Во случајот „Сопот“ се осудени 11 жители на селото со вкупна затворска казна од 150 години, под обвинение дека поставиле мина од која загинаа двајца полски војници.