Во Врховен суд јавна седница за случајот „Монструм“
Судот претходно двапати ја одложи седницата бидејќи дел од адвокатите на обвинетите беа на боледување.

Во Врховниот суд е закажана јавна седница на која треба да бидат разгледани и да се одлучува по жалбите на шестемина осудени на доживотни затворски казни во случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство кај Смиљковско езеро.
Двајца од осудените, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, сè уште се на Косово, а тамошните власти одбија да ги екстрадираат во земјава. Судот претходно двапати ја одложи седницата бидејќи дел од адвокатите на обвинетите беа на боледување.
На една од одложените седници, јавниот обвинител Лилјана Спасовска бараше одложување на неопределено време за да може Врховниот суд да ги прибави доказите и новите факти во врска со случајот, кои, според некои информациите ги поседува Специјалното јавно обвинителство.
Претседателот на Врховен, Јово Вангеловски, кој воедно претседава со петчлениот кривичен совет не го прифати барањето и наведе дека доколку имало нови сознанија, јавното обвинителство имало доволно време самото да ги побара од СЈО.
