Главниот финансиски советник на Папата Франциско обвинет за неколку сексуални деликти

29.06.2017 11:53

На третиот човек на Ватикан, му било наредено да се појави пред судот во Мелбурн на 18-ти јули поради сексуален престап. Сиднејската архиепископија во соопштението во име на кардиналот, ги демантира сите обвиненија против него.

Главниот финансиски советник на Папата Франциско, австралискиот Кардинал Џорџ Пел, е обвинет за неколку сексуални деликти. Двајца 40-годишни рекле дека кардиналот во 70-тите години ги допирал на неприкладни места во базен.

На третиот човек на Ватикан, му било наредено да се појави пред судот во Мелбурн на 18-ти јули поради сексуален престап. Сиднејската архиепископија во соопштението во име на кардиналот, ги демантира сите обвиненија против него.

Тој рече дека се радува на моментот кога ќе се појави пред суд, за моќно да се брани од обвиненијата, стои во соопштението.