НАТО испраќа дополнителни сили во Авганистан

29.06.2017 12:00

Не станува збор за враќање на воената мисија, туку да се консолидира мисијата на НАТО за подготовка и содејство со националните сили, објасни Столтенберг.

Петнаесет држави од НАТО соопштија дека ќе испратат дополнителни сили во авганистан, изјави генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг.

Не станува збор за враќање на воената мисија, туку да се консолидира мисијата на НАТО за подготовка и содејство со националните сили, објасни Столтенберг.

Командата на мисијата на НАТО во Авганистан побарала таму да се испратат дополнително уште 4 илјади војници.

НАТО ги повлече воените сили од Авганистан во 2014 година. Авганистанската армија е финансирана со околу пет милијарди долари годишно.