Силно невреме во Хрватска
29.06.2017 13:04
Била регистрирана и појава на град со големина на орев во реонот на Сисак и Велика Горица.

По вчерашниот жежок и спарен ден, делови на Хрватска синоќа беа зафатени од силно невреме, пропратено со силен ветер, грмежи и со пороен дожд. Била регистрирана и појава на град со големина на орев во реонот на Сисак и Велика Горица.
Силниот ветер корнел и дрвја, а во некои делови на земјата се регистрирани и поплави. Наместа има и зголемување на нивото на Јадранско Море за дури 15 сантиметри, што предизвикало поплави во крајбрежните делови и пониските зони на населните места.
