Османи и Шекеринска на средби во ЕУ и НАТО
Османи ќе има средба и со генералниот директор на директоратот за проширување и соседска политика, Кристијан Даниелсон. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, пак, учествува на состанокот на Северноатлантскиот Совет на НАТО.

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи во Брисел заедно со директорката за Западен Балкан во директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, Руиз Калавера ќе копретседаваат со 14-от состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација.
На состанокот ќе се дискутира за спроведување на итните реформски приоритети на Владата. Османи ќе има средба и со генералниот директор на директоратот за проширување и соседска политика, Кристијан Даниелсон.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, пак, учествува на состанокот на Северноатлантскиот Совет на НАТО.
На состанокот учествуваат 39 министри на земјите членки на Алијансата и на држави партиципиенти во мисијата решителна поддршка.
