Продолжена кризната состојба на јужната граница
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски образложи дека оваа одлука е многу значајна заради околностите околу глобалниот проблем со мигрантската криза.

Кризната состојба на дел од јужната граница продолжена до 31-ви декември. Во Собранието едногласна одлука за владиниот предлог. Одлуката е донесена поради зголемениот обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на земјава.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски образложи дека оваа одлука е многу значајна заради околностите околу глобалниот проблем со мигрантската криза. Рокот се продолжува врз основа на проценките на надлежните служби и со предлог-одлуката на Владата која беше доставено до Собранието.
Ќе им се овозможи на АРМ заедно со МВР учество во обезбедувањето на државната граница на Република Македонија со Република Грција каде имавме сериозен прилив на мигранти, рече Спасовски.
Целта е, рече министерот, да се продолжи овој континуитет бидејќи многу процеси се отворени. Мигрантската криза во секој момент може да ескалира, вели Спасовски.
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека оваа одлука е многу значајна и оти тие ќе ја поддржат оваа одлука. Тој го пренесе ставот на неговата партија во земјата да не се градат и да не се размислува за бегалски кампови, освен оние два транзитни што веќе постојат.
