Повторно одложена јавната седница за „Монструм“

29.06.2017 13:17

Презакажана е за 12-ти септември, поради неисполнување на законски претпоставки.

Повторно е одложена јавната седница за случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство кај Смилковско Езеро. Презакажана е за 12-ти септември, поради неисполнување на законски претпоставки.

Адвокатите појаснија дека и јавниот обвинител претходно бараше одложување на неопределено време за да може Врховниот суд да ги прибави доказите и новите факти кои веројатно ги поседува Специјалното јавно обвинителство.