ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го крши Законот за државни службеници

29.06.2017 13:22

СДС сака да протурка некомплетни кадри, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Владата го крши Законот за државни службеници со незаконско именување на функционери на повеќе државни институции. СДС сака да протурка некомплетни кадри, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Спасе Глигоров е предлогот на Владата на СДСМ, а тој водено е и член на ИО на СДСМ. Член 16, став од законот за државни службеници е јасен, директор на Агенцијата за државни службеници не смее да биде лице кое е член на органите на политичка партија. Со неговото предложување Владата на СДС го крши законот и место професионализација, сака да спроведе груба партизација на администрацијата“, изјави пратеничката Емилија Александрова.

Дополнително, не постои никаков законски основ за отповикување на досегашниот директор, согласно законот за државни службеници. СДСМ спротивно на закон предложува за директор на Агенција за државни службеници партиски војник, за да им ја врши грубата партизација на администрацијата- велат од ВМРО-ДПМНЕ.