Македонски Телеком воведува „4Г+“ технологија
Реонот на Центар во Скопје прв ќе ја добие новата технологија веќе во септември годинава...

Македонски телеком најави почеток на нов тригодишен инвестициски циклус вреден 60 милиони евра. Ќе воведе нова „4Г+“ технологија за двојно побрз интернет со 300 мегабајти во секунда.
„За 6 недели оваа технологија ќе биде достапна во центарот на Скопје, а во 2018-та 15% од популацијата во градовите ќе можат да ја користат „4Г+“ технологијата. Македонски Телеком ќе инвестира над 60 милиони евра во наредните 3 години за воведување на гиганет мрежата“, изјави Андреас Елснер, главен извршен директор на Македонски Телеком.
Реонот на Центар во Скопје прв ќе ја добие новата технологија веќе во септември годинава, а од наредната година и другите поголеми градови во земјава.
