Нормализиран сообраќајот на патот Куманово- Крива Паланка
29.06.2017 14:05
Магистралниот пат изутрината беше блокиран од навивачи на спортскиот клуб „Ботев“ од Пловдив. На бензинска пумпа кај кривопаланечката обиколница испишале навредливи содржини за Македонија.

Нормализиран е сообраќајот на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, откако изутрината беше блокиран од навивачи на спортскиот клуб „Ботев“ од Пловдив. На бензинска пумпа кај кривопаланечката обиколница испишале навредливи содржини за Македонија.
На пат кон Куманово ги пресретнала полицијата, но одбиле да бидат приведени и го блокирале патот.
Патниците од автобусот залепиле и неколку налепници со ознака БГ. Полицијата сѐ уште не ги привела лицата. Навивачите на клубот „Ботев“ се покрај патот, како и полицијата.
