Ирачката војска ја презеде контролата врз големата џамија во Мосул

29.06.2017 14:19

Џамијата беше и местото од кое лидерот на милитантната група, Абу Бакр Ал Багдади прогласи калифат во Сирија и во Ирак.

Ирачката војска соопшти дека ја преземала контролата врз големата џамија во мосул која беше урната од Исламска држава, минатата недела. На 21 јуни милитантите ја кренаа џамијата во воздух и минарето кое беше старо 800 години.

Џамијата беше и местото од кое лидерот на милитантната група, Абу Бакр Ал Багдади прогласи калифат во Сирија и во Ирак.

Три години подоцна сѐ уште не се знае судбината на Багдади, при што милитантите загубија голем дел од територијата освоена во 2014-та година.