Намалено производството на мед
По студената зима штети и во пчеларството предизвикаа и доцните пролетните мразеви. Производството на мед годинава ќе биде преполовено поради што пчеларите велат дека трошоците се поголеми и ќе мораат да ја зголемат и цената на медот.

Временските неприлики го намалија производството на медот. Пролетните мразеви лошо влијаева врз поголем дел од пчелните семејства при што и приносите годинава ќе бидат помали и под просечното ниво.
Годината почна лошо, велат пчеларите. Прво имаше студена зима која предизвика загуби и штети во кошниците, а подоцна и пролетниот мраз го сотре багремот кој измрзна и до 90 проценти и од него немаше напасување на пчелите и производство на мед. Истовремено измрзнаа и сите овошки со што пчелите останаа без храна, а со тоа отидоа и оптимистичките прогнози и надежта за добри приноси.
Цената за килограм мед изнесува 350 денари, а во продажбата на големо од 250 до 300 денари за килограм. Поради намалената понуда сега се очекува и пораст на цената.
Ова е период и на производство на нови пчелни семејства и матичен млеч, пради што искусните пчелари препорачуваат прихранување со шеќер.
Методија Трајков
