Кривичниот суд одлучува по барањата на СЈО
Рокот за прифаќање или одбивање на барањата за притвор или мерка на претпазливост е 24 часа. Со обвиненијата на СЈО се опфатени 94 лица и 7 фирми, а се бара притвор за 18 обвинети и мерки на претпазливост, односно одземање на пасошите за 47 лица.

Од Специјалното јавно обвинителство најавија дека во Кривичниот суд ќе бидат доставени преостанатите обвиненија. Од Скопска единица пак, информираа дека е познато кои судии за кои предмети ќе одлучуваат.
Рокот за прифаќање или одбивање на барањата за притвор или мерка на претпазливост е 24 часа. Со обвиненијата на СЈО се опфатени 94 лица и 7 фирми, а се бара притвор за 18 обвинети и мерки на претпазливост, односно одземање на пасошите за 47 лица.
Обвинетите во предметите се товарат за над 20 различни кривични дела, вклучувајќи злосторничко здружување, даночно затајување, злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања, повреда на избирачкото право и уништување на изборен материјал.
Граѓани повторно се собираа пред Кривичниот суд поради обвиненијата што вчера ги покрена СЈО против функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
