ВМРО-ДПМНЕ: СЈО води политички, а не правен процес

30.06.2017 13:05

СЈО се претвори во канцеларија на СДС и е алатка за присила врз ВМРО-ДПМНЕ, затоа што цели 11 години партијата беше на браникот на одбраната на државните и националните интереси на Македонија, одолеа многу притисоци и закани.

Целта на Специјалното јавно обвинителство е елиминација на ВМРО-ДПМНЕ и слабеење на државата, велат од опозициската партија. СЈО води политички процес, чија цел е политичка, а не правна, и без какви било докази се води хајка против цела една партија, стои во дописот.

СЈО се претвори во канцеларија на СДС и е алатка за присила врз ВМРО-ДПМНЕ, затоа што цели 11 години партијата беше на браникот на одбраната на државните и националните интереси на Македонија, одолеа многу притисоци и закани.

Но, народот гледа и добро цени, а миговите се циклични. Брзо ќе дојде времето кога сите кои ги повредиле процедурите, законите и нанесле зло, ќе одговараат за ова свое однесување, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.