ССМ: Да се преземат мерки за заштита на работниците
30.06.2017 13:08
Оттаму потсетуваат дека работодавачот, согласно со законот за безбедност и здравје е должен да обезбеди соодветни услови на работа ...

Преземање мерки за заштита на работниците кои работат на високи температури и доследна примена на препораките од владата за заштита од топлото време, бара Сојузот на синдикатите на македонија.
Оттаму потсетуваат дека работодавачот, согласно со законот за безбедност и здравје е должен да обезбеди соодветни услови на работа кои нема да го загрозат животот и здравјето на работниците.
