Не стивнуваат немирите во Каракас
30.06.2017 13:12
Во досегашните тримесечни протести загинаа 76 лица. Протестот доаѓа само еден ден откако претседателот Мадуро изјави дека нацијата била жртва на државен удар.
Не стивнуваат немирите на улиците на главниот град на Венецуела, Каракас. Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите.
Во досегашните тримесечни протести загинаа 76 лица. Протестот доаѓа само еден ден откако претседателот Мадуро изјави дека нацијата била жртва на државен удар.
Критичарите на владата велат дека тврдењата за државен удар се само маска пред гласањето за конститутивното собрание, тело со моќ да го промени Уставот на земјата.
