Самит на ПСЈИЕ во Дубровник: Мора да продолжи процесот на проширување
На Самитот во Дубровник ќе се разменат мислења за заканите од насилниот екстремизам, тероризам, миграцијата, интеркултурниот дијалог, заштитата на животната средина. Неизбежна тема ќе бидат и новите модели на енергетското и економско поврзување, што е еден од предусловите за интеграција на регионот во НАТО и ЕУ.

Дубровник е средиштето на планираните билатерални и мултилатерални состаноци во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). На овој еминентен собир, на којшто е домаќин хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, а на кој покрај останатите претседатели од регионот, како и високи официјални лица на Европската унија, учествува и македонскиот претседател Ѓорге Иванов, како и шефот на дипломатијата, Никола Димитров.
Ќе се разменат мислења за заканите од насилниот екстремизам, тероризам, миграцијата, интеркултурниот дијалог, заштитата на животната средина. Неизбежна тема ќе бидат и новите модели на енергетското и економско поврзување, што е еден од предусловите за интеграција на регионот во НАТО и ЕУ.
Шефот на македонската држава Иванов, попладнево ќе се обрати пред присутните претседатели од 13 земји- членки на процесот, основан во 1996 година. Потоа на неговата агенда е и средбата со претседателката на Хрватска, Грабар- Китаровиќ.
Во претпладневните средби хрватската вицепремиерка, Марија Пејчиновиќ се сретна и со македонскиот министер за надворешни, Димитров. Во обраќањето, хрватската вицепремиерка ја нагласила потребата од проширувањето на Унијата со земјите од регионот, иницијатива која нема алтернатива и која не смее да запре.
Утре средбите на претседателот Иванов продолжуваат на Дубровник форумот, кадешто главен говорник ќе биде хрватскиот премиер Андреја Пленковиќ. Иванов ќе има уште едно воведно обраќање пред председателите на Црна Гора, Србија и Косово. Темата е не помалку значајна: Јадранско- медитеранска соработка и безбедноста на Југоисточна Европа.
Зоран Богатинов, специјален известувач од Дубровник за МРТ
