9,2% раст на индустриското производство во мај
30.06.2017 13:32
Гледано по сектори, пораст има во секторот Рударство и вадење на камен за 7,7 проценти, во секторот Преработувачка индустрија за 8,8 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 13,8 проценти.

Индустриското производство во мај е зголемено за 9,2 проценти во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.
Пораст има во секторите рударство и вадење камен, во преработувачка индустрија и во снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. Според главните индустриски групи, пораст има кај енергијата за 18,1 процент.
Во периодот јануари-мај во однос на истиот период лани кај индустриското производство има зголемување од 0,6 проценти.
