Објавена снимка од смртта на Ал Багдади

30.06.2017 13:42

На сајтот на ИРИБ се посочени две снимки од телото на Багдади и две кога бил жив.

Иранска телевизија синоќа објави инсерти со кои се потврдува смртта на лидерот на Исламска држава, Абу Бакр Ал Багдади.

На сајтот на ИРИБ се посочени две снимки од телото на Багдади и две кога бил жив.

На 17-ти јуни Русија соопшти дека во воздушен напад во Сирија бил убиен лидерот на ИДИЛ и уште 300 борци.