На 60 илјади евра се зголемува гаранцијата за наплата на царина при транзит
13.02.2014 12:22
АМЕРИТ потпиша анекс со кој и гарантира на Царината под поктритие на ТИР...

На 60 илјади евра се зголемува вредноста на гаранцијата што ја добиваат економските оператори за транзит на стоки од Македонија кон други земји.
АМЕРИТ потпиша анекс со кој и гарантира на Царината под поктритие на ТИР, наместо на досегашните 50 илјади долари, наплата на евентуални избегнати царински давачки во вредност поголема за над 10 илјади евра од сегашните.
Според Царината договорот овозможува дополнителна безбедност и сигурност на сите пратки.
Сузана Фиданска Стоевска
