Екстремно високи температури: Денеска до 42 степени, УВ индексот- 9
Од Министерството за здравство со препорака- трудниците и хронично болните над 60 години да се ослободат од работа, а градежните работници да не работат на отворено од 11 до 17 часот.

Македонија и денеска ќе се соочи со екстремно високи темератури. Синоптичарите велат дека времето ќе биде сончево и многу топло, со слаб до умерен југозападен ветер, со дневна температура од 35 до 42 степена. УВ индексот ќе има вредност 9.
Од Министерството за здравство со препорака- трудниците и хронично болните над 60 години да се ослободат од работа, а градежните работници да не работат на отворено од 11 до 17 часот.
Ваквото време ќе се задржи до сабота. В недела се очекува освежување. Нестабилно ќе биде на повеќе места, со поројни врнежи од дожд и појава на грмежи.
Слично време се предвидува и в понеделник.
